Правдико

   

Кој ги донел првите закони ?

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хамураби бил најстариот син на Син-Мубалит. Тој станал 6-от крал на Вавилон околу 1729 година п.н.е. Иако не наследил голема моќ од татко си и во периодот владеел со мал дел од Вавилонија, подоцна станал првиот крал на таканаречената Вавилонска империја.

20140605-koj-gi-donel-prvite-zakoni-m

Во текот на своето владеење од речиси 43 години, Хамураби станал најголемиот освојувач и неговата империја доминирала со цела Месопотамија. Покрај успехот и големината на Хамураби како освојувач и крал, тој е најпознат по нешто друго. Имено, тој бил првиот човек кој донел закони. 

Хамурабиевиот законик е првиот законик или најстариот кој е зачуван до денес. Првите закони биле запишани на цилиндар висок 2,3 метри. На врвот на законикот се наоѓа Шамаш, богот на Сонцето. Законикот бил напишан на акадски јазик.

20140605-koj-gi-donel-prvite-zakoni-1Хамураби сакал овие закони да ги задоволат боговите. За разлика од претходните кралеви и владетели, Хамураби не мислел дека потекнува од боговите, но многумина сметале дека тој е токму како бог. Законикот на Хамураби содржи 282 закони, а казните за непочитување на истите се разликувале во зависност од социоекономската класа на извршителот на делото и на оној кој бил повреден во случајот. Законите биле за кражби, агрикултура, имот, брак, права на жените, децата и робовите, убиство и смртна казна.

Според законикот, Хамураби го делел општеството во три класи: благородниците и богатите сопственици, средната и сиромашната социјална класа и робовите.

За подобра претстава на законикот, следуваат неколку закони напишани од Хамураби:

– Доколку сопруга на маж е обвинета за неверство, но нема сведоци, таа ќе се фрли во светата река за доброто на својот сопруг.

– Доколку маж удри слободна бремена жена и предизвика губење на бременоста, тој ќе плати за тоа. Доколку таа жена умре, неговата ќерка ќе биде убиена.

– Доколку роб му каже на својот господар дека тој не му е господар, господарот ќе му го отсече увото на робот.

– Доколку син удри сопствен татко, неговите раце ќе бидат отсечени.

Извор: Fakulteti.mk

Партнери на Правдико