Кој ќе ги брани осомничените и обвинетите од СЈО, договорот на адвокатскиот тим на Додовски истекува на 30 јуни? | Правдико

Правдико

   

Кој ќе ги брани осомничените и обвинетите од СЈО, договорот на адвокатскиот тим на Додовски истекува на 30 јуни?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Договорот на тројцата адвокати што му помагаат на адвокатот Никола Додовски во сите предмети поврзани со Специјалното јавно обвинителство истекува на 30 овој  месец, денот кога завршува рокот од 18 месеци во кој СЈО може да поднесе обвиненија. Тие не знаат дали ќе биде продолжен и ќе работат како тим или, пак, некој од нивните клиенти ќе ги ангажира посебно. Ова за Макфакс го  изјави скопскиот адвокат Боро Тасевски и поранешен претседател на Кривичниот суд, кој е дел од тимот, заедно со колегите Сања Алексиќ и Петар Василев, кој му помага на Додовски во неколку случаи.

По повлекувањето на Никола Додовски од одбраната на повеќе функционери на ВМРО-ДПМНЕ во предметите кои ги води СЈО, нов адвокат на Сашо Мијалков, екс-директорот на УБК, ќе биде адвокатот Љупчо Шврговски, кој на јавноста ѝ е познат како поранешен јавен обвинител.

Шврговски, како што изјави за медиумите, во конкретните предмети влегува на местото на Додевски, но нема информација дали неговиот колега нема да ги брани и другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Првиот човек на Адвокатската комора во Македонија и еден од  најангажираните и најплатени адвокати во земјава, е повикан како сведок во случајот „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатот Никола Додовски денеска не беше достапен за коментар.Наместо одговор, добивме  автоматска  порака дека „не може да одговори бидејќи е зафатен“.

Тасевски, пак, со одговор: „Немаме информации што ќе се случува понатаму. Нас како соработници во тимот ни е битно да го испочитуваме договорот со Додовски до крај. Но, дали ќе продолжиме соработката и натаму или, пак, ќе нè ангажира некој друг посебно, ќе видиме натаму“.

Тасевски и неговите двајца колеги беа дел од петчлената екипа што му помагаше на Додовски во случаите поврзани со СЈО. Но, во меѓувреме  двајца адвокати,од кои едниот од Охрид, се повлекоа од тимот. Во отсуство на Додовски-Тасевски, Алексиќ и Василев беа бранители на првообвинетиот во случајот „Тврдина1“, Горан Грујовски, кој неодамна  почна со главна расправа во Кривичниот суд, а чие продолжение е закажано на 3 јули, во 11 часот.Адвокатската тројка може да се види и кога високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ се појавуваат на распит во СЈО, или да направат увид во доказниот материјал.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико