Кој може да биде корисник на бесплатна правна помош | Правдико

Правдико

   

Кој може да биде корисник на бесплатна правна помош

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

zzzzzzzzСо донесувањето на Законот за бесплатна правна помош (“Службен весник на Република Македонија“ бр.161/09) за прв пат во Република Македонија се воспостави правото на бесплатна правна помош со цел обезбедување на еднаков пристап на граѓаните и другите лица до институциите на системот, запознавање, остварување и овозможување на ефективна правна помош, што е во согласност со уставното начело на еднаков пристап на правдата .
Законот за бесплатна правна помош е донесен во декември 2009 година, а отпочна да се применува на 7 јули 2010 година.

Корисници на правото на бесплатна правна помош 

Правото на бесплатна правна помош согласно законот може да го остварат државјаните на Република Македонија со постојано живеалиште во  Република Македонија кои се:

• Корисници на социјална помош,
• Корисници на правото на инвалидски додаток, кои не остваруваат други приходи по основ на заработувачка или приходи од недвижности,
• Корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од него и
• Семејства или самохран родител со едно или повеќе малолетни деца кои остваруваат право на детски додаток.

Покрај нив, право на бесплатна правна помош имаат и:

• Лице на кое му е признаено правото на азил, барателите на азил,  внатрешно раселено лице, како и раселено или прогонето лице кое на територијата на Република Македонија има престојувалиште,
• Странски државјанин, кој во согласност со меѓународните договори, без оглед дали на територијата на Република Македонија има престојувалиште или живеалиште, остварува негово право за кое е надлежен државен орган на Република Македонија,
• Лице без државјанство, кое законски престојува во Република Македонија и
• Државјанин на земја членка на Европската унија под услови и на начин утврден со овој закон.

Даватели на бесплатан правна помош

Бесплатната правна помош согласно овој закон се реализира од страна на Министерството за правда, адвокати и од овластени здруженија на граѓани .

• Претходната правна помош ја даваат 34-те подрачни одделенија на Министерството за правда и здруженијата кои ќе добијат овластување за давање на претходна правна помош.
• Правната помош во управните и судските постапки ја даваат овластените адвокати.

Извор:http://e-demokratija.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико