Кој може да биде носител на дипломатски или службен пасош | Правдико

Правдико

   

Кој може да биде носител на дипломатски или службен пасош

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pasosДипломатски пасош    е патна исправа која им се  издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи, на дипломатско-конзуларни службениици вработени во Министерството за надворешни работи или упатени на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, на воени претставници на безбедносните органи на Република Македонија во странство кои имаат дипломатски статус, на лица кои со одлука на Владата на Република Македонија заминуваат на работа во меѓународни организации во својство на функционери со дипломатски ранг во тие организации, како и на дипломатски курири.

Службен пасош се издава на стручно-административните државни службеници вработени во Министертвото за внатрешни работи или упатени на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, освен на лицата од членот 11 на овој закон, како и на раководни државни службеници и на раководни работници со посебни овластувања во други државни органи кои патуваат во странство заради службена работа, а за што е потребно поседување на службен пасош.

Носители на дипломатски пасоши – избрани и именувани лица: – Претседател на Република Македонија;

– Претседател на Собранието на Република Македонија;

– Претседател на Владата на Република Македонија;

– Претседател на Уставниот суд на Република Македонија; – Претседател на Врховниот суд на Република Македонија; – Претседател на Судскиот совет на Република Македонија; – Јавен обвинител на Република Македонија;

– Народен правобранител на Република Македонија;

– Потпретседатели на Собранието на Република Македонија;

– Заменици на Претседателот на Владата на Република Македонија; – Министри;

– Гувернер на Народната банка на Република Македонија; – Јавен правобранител на Република Македонија;
– Пратеници во Собранието на Република Македонија; – Заменици на министрите.

Носители  на  дипломатски  пасоши  во  случај  на  службено  патување  или  служба  во странство:

– Директори на самостојни органи на државната управа; – Судии на Уставниот суд на Република Македонија; – Генерални секретари;

– Секретар на Секретаријатот за законодавство; – Државни секретари во министерствата;

– Воени претставници на Република Македонија во странство кои имаат дипломатски статус   во   рамките   на   дипломатско-конзуларното   претставништво   на   Република Македонија;

– Лица кои со одлука на Владата на Република Македонија заминуваат на работа во меѓународни  организации  во  својство  на  функционери  со  дипломатски  ранг  во  тие организации.

Дипломатски пасош се издава и на брачните другари на претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија и претседателот на Владата на Република Македонија.

Дипломатски пасош се издава и на лице на кое му престанала функцијата претседател на  Република  Македонија,  претседател  на  Собранието  на  Република  Македонија  и претседател на Владата на Република Македонија, како и нивните брачни другари.

Носители  на  дипломатски  пасоши,  државни  службеници  во  Министерството  за надворешни работи:

а) Во Министерството за надворешни работи: – Директор;

– Државен советник;

– Раководител на сектор;

– Помошник раководител на сектор;
– Раководител на одделение;
– Советник;

– Виш соработник;
– Соработник;

– Помлад соработник;

б)  Во  дипломатските  и  конзуларни  претставништва  на  Република  Македонија  во странство:

– Амбасадор;

– Ополномоштен министер;
– Министер советник;
– Советник;

– Прв секретар;

– Втор секретар;
– Трет секретар;
– Аташе;

– Генерален конзул;
– Конзул;

– Вице конзул.

Дипломатски пасош се издава и на лице на кое му престанала функцијата министер за  надворешни работи, на лица поранешни амбасадори и генерални конзули и на поранешни
вработени во Министерството за надворешни работи, со најмалку 20 години дипломатско  искуство.

Носители  на  службени  пасоши  во  случај  на  службено  патување  или  служба  во странство:

– Државни советници во државните органи;

– Раководни работници со посебни овластувања во државните органи;

– Раководител на сектор за меѓународна соработка со странство, помошник раководител на сектор за меѓународна соработка, раководител на одделение за меѓународна соработка во државните органи;

–  Државни  службеници  во  Министерството  за  надворешни  работи  кои  немаат дипломатски статус.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико