Кој може да предложи закон?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во согласност со Уставот на Република Македонија иницијативата за донесување на закон до овластените предлагачи, може да ја даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија, меѓутоа, овластени предлагачи на законите се:
▪ Владата;
▪ секој пратеник во Собранието, и
▪ најмалку 10.000 избирачи.
Предлог на закон се поднесува до претседателот на Собранието. Претседателот на Собранието веднаш, а најдоцна во рок од три работни дена од денот наподнесувањето, го доставува до пратениците, во писмена или електронска форма, со што започнува законодавната постапка.
Законодавната постапка
Законодавната постапка се одвива во три фази (читања):
Првото читање започнува кога најмалку 15 пратеници, во рок од седум дена од денот на добивањето на предлогот на закон, поднесуваат барање Собранието да одржи општ претрес. Ако вакво барање не се поднесе, тогаш веднаш се преминува на второ читање. Доколку првото читање се одржи, во тој случај пред да се претресе предлогот на закон на пленарна седница на Собранието, се разгледува во матичното работно тело и во Законодавно-правната комисија.
И двете комисии поднесуваат извештај кој содржи мислење дали предлог-законот е прифатлив и дали треба да се даде на натамошно читање. По општата расправа Собранието одлучува дали предлогот на закон може да се даде на второ читање.За предлогот на закон кој е од поширок интерес, Собранието може да одлучи да се спроведе јавна дискусија по тој закон и истиот да го објави во дневниот печат.
Второто читање започнува во матичнотоработно тело и во Законодавно-правната комисија, во рок од седум работни дена по одржаната пленарна седница на Собранието. Матичното работно тело и Законодавно-правната комисија, ги претресуваат одредбите од предлогот на закон поединечно и поднесените амандмани и гласаат по нив. Амандман може да поднесе секој пратеник во Собранието, пратеничка група и работно тело. За секој амандман се води претрес и се гласа одделно. Матичното работно тело и Законодавно-правната комисија, најдоцна во рок од пет дена по завршувањето на претресот подготвуваат текст на предлогот на закон во кој се вградуваат усвоените амандмани (дополнет предлог) и образложение, и се доставува до претседателот на Собранието за да се стави на дневен ред на пленарна седница.
Ако на второто читање на седница на Собранието се усвоени амандмани на помалку од една третина од членовите на изменетиот предлог на закон, Собранието може да одлучи третото читање на предлогот на закон да се одржи на истата седница. Ако се усвоени амандмани на повеќе од една третина од членовите на дополнетиот предлог на закон, третото читање по правило се одржува на првата наредна седница по второто читање на седница на Собранието. Во оваа фаза работните тела не расправаат.