Која е функцијата на агенциите за привремени вработувања | Правдико

Правдико

   

Која е функцијата на агенциите за привремени вработувања

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

agencyАгенции за привремено вработување се еден вид на посредник на пазарот на труд. Тие ги задоволуваат потребите на претпријатијата корисници за флексибилност на работната сила, од една страна и на работниците за привремени вработувања од друга страна.

Привремените вработувања агенцијата за привремени вработувања ги врши врз основа на претходно склучен договор за отстапување на работник меѓу агенцијата за привремени вработувања и друг работодавач корисник и договор за вработување склучен меѓу агенцијата за привремени вработувања и работникот кој се отстапува на друг работодавач корисник.

Во поглед на  услови за работа и вработување на привремените агенциски работници кои ќе бидат исполнети за времетраењето на нивното отстапување кај работодавачот , се истите оние услови кои би се обезбедувале доколку работниците би биле вработени директно од страна на истиот работодавач за извршување на истата работа при што секое лице има право на вработување, без какви било ограничувања.

Агенцијата за привремени вработувања може врз основа на договор за отстапување на работник меѓу агенцијата и друг работодавач, да отстапи
работник на друг работодавач корисник за вршење на привремени работи во случај на:

1) замена на привремено отсустен работник;
2) привремено зголемен обем на работа;
3) сезонска работа;
4) работа на проект;
5) специфични неконтинуирани работи кои не се дел од претежната дејност на работодавачот корисник и
6) непредвидливи краткотрајни активности што се јавуваат во вршењето на претежната дејност на работодавачот корисник.

Договорот се склучува  за време додека трае потребата, но не подолго од една година при што  не смее да отстапува работник за вршење на исти работи кај ист работодавач без прекин или со прекин подолго од една година.

Договорот за отстапување на работник се склучува во писмена форма.Примерок од секој склучен договор за отстапување на работник се чува
во работните простории на агенцијата за привремени вработувања и на работодавачот корисник.
Примерок од секој склучен договор за отстапување на работник агенцијата за привремени вработувања е должна да достави до инспекцијата на трудот и до Агенцијата за вработување на Република Македонија во рок од пет дена од денот на склучувањето на договорот.
Инспекциски надзор над работењето наагенциите за привремени вработувања врши Инспекцијата на трудот.

Отстапениот работник има право да ја одбие работата  во случај:

– работодавачот корисник да не му обезбеди здравје и безбедност при работа, согласно прописите,

– да го преотстапи на друг работодавач.

Договорот за вработување агенцијата за привремени вработувања или отстапениот работник можат да го раскинат предвреме:

– со писмено известување пет дена однапред за договори за вработување склучени до 30 дена и

– со писмено известување десет дена однапред за договори за вработување склучени над 30 дена.

Престанок на потребата за работникот кај работодавачот корисник пред истекот на рокот наведен во договорот не може да биде причина за
раскинување на договорот ниту меѓу работодавачот корисник и агенцијата за привремени вработувања ниту меѓу агенцијата за привремени
вработувања и работникот.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико