Арбитражниот суд за спорт во Лозана | Правдико

Правдико

   

Арбитражниот суд за спорт во Лозана

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Арбитражниот суд за спорт е меѓународно квази-судско тело основано за решавање спорови поврзани со спортот. Седиштето на судот се наоѓа во Лозана, Швајцарија, а неговите судови се лоцирани и во Њујорк и Сиднеј. Исто така се основаат и привремени судови во градовите кои се домаќини на Олимписките игри.

49105-olympic-image1

Генерално,  во Арбитражниот суд за спорт може да се покрене постапка само доколку постои арбитражен договор помеѓу двете страни за истото. Згора на тоа, сите спорови поврзани со Олимписките игри може да бидат решени само на овој суд.

Телото било основано од страна на тогашниот претседател на Меѓународниот олимписки комитет, Хуан Антонио Самаранч, за да ги реши споровите кои се раѓале за време на Олимпијадата. Судот бил основан како дел од Меѓународниот олимписки комитет во 1984 година. Во 1994 година, Федералниот виши суд на Швајцарија го изгласал Арбитражниот суд за спорт како посебен арбитражен суд.

Помеѓу споровите кои биле решени на овој суд се и случај со атлетски биолошки пасош во 2009 година, кој завршил со суспендирање на лизгачката Клаудија Пехштајн. Во 2011 година, судот суспендираше двајца италијански велосипедисти – Франко Пелицоти и Пјетро Каучиоли – на период од две години. Во октомври 2011, судот откри дека дел од Олимписката повелба го нарушувала светскиот код за антидопинг.

Автор: Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико