Која е функцијата на Државното правобранителство | Правдико

Правдико

   

Која е функцијата на Државното правобранителство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

asasasaxxxxxxxxxxxДржавното правобранителство на Република Македонија е државен орган кој презема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и врши други работи утврдени со овој и друг закон. Функцијата на Државното правобранителство ја врши државниот правобра­нител на Република Македонија како и државните правобранители во Државното правобранителство кои ги избира Владата на Република Македонија по предлог на Државниот правобранител.Како главна задача е штитењето на имотните права и интереси на Репѕблика Македонија и нејзините државни органи пред судовитеи други органи во земјата и странство.

Државните правобранители при вршењето на својата функција се самостојни и за својата работа одговараат пред Владата на Република Македонија и пред државниот правобранител .

Органите на државната управа и правните лица се должни на Државното правобранителство да му доставуваат податоци, докази и информации заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија  за потребите за постапување по конкретен предмет во рок од пет работни дена. Исто така и при појава на секаков имотно-правен спор органите на државната управа се должни да го информираат државното правобранителство и да се превземат сите мерки на заштита, приложувајќи ги сите докази, информации и документи со кои се располага.

Државниот правобранител пред преземање на дејствија за поведување на постапка пред суд, друг орган или правни лица, во случаите кога тоа е потребно, е должен од органот што го застапува да прибави писмена согласност за поведување на постапка.Но кога во случај органот што го застапува државниот правобранител да не даде согласност за поведување на постапка, државниот правобранител во рамките на своите овластувања, , одлучува за поведување на постапка само доколку смета дека се повредени интересите на Република Македонија.

Мандатот на државниот правобранител е со рок од пет години и е именуван од страна на Владата на Република Македонија со право на реизбор.

Условите за избор уредени во законот за државното правобранителство се:

–  да е државјанин на Република Македонија,

–  да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку осум години по положен правосуден испит и

–  да ужива углед за вршење на функцијата.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико