Правдико

   

Која е функцијата на Уставниот суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ustaven-sudИако се именува како суд, Уставниот суд формално не претставува дел од судскиот систем на Македонија. Затоа, работите поврзани со Уставниот суд се регулирани во посебна глава во Уставот, надвор од главата што се однесува на надлежностите на судовите, односно на организацијата на државната власт. Поради својата специфична положба, тој може ефикасно да ги врши работите што му се доверени, а ќе бидат објаснети во продолжение.

Контрола на уставноста и на законитоста

Уставниот суд врши дополнителна контрола на уставноста и на законитоста на законите и на другите акти (примарна контрола вршат самите органи што ги предлагаат или ги донесуваат актите). Така, кога по своја иницијатива или по иницијатива на некој орган, организација или индивидуа, Уставниот суд ќе утврди дека одреден закон е во спротивност на Уставот, или кога некој подзаконски акт е во спротивност со некој закон, тој може да биде укинат или поништен. На пример, градоначалникот на општина Гостивар повел иницијатива пред Уставниот суд, за проверување на законитоста на одлуката на Советот на општина Гостивар, со која се предвидува месечен паричен надоместок на членовите на Советот.

По разгледувањето на иницијативата, Уставниот суд донел одлука со којашто се поништува одлуката на Советот. Ваквата одлука е донесена затоа што Законот за локална самоуправа предвидува паричен надоместок за членовите на Советот единствено за присуство на седница (дневница), а не и месечен паричен надоместок. Повеќе од 80 проценти од работата на Уставниот суд, се однесува на испитување на уставноста и законитоста на законите и другите акти.

Заштита на слободите и правата на човекот и на граѓанинот Уставниот суд е надлежен и за заштита на дел од слободите и правата на човекот и на граѓанинот. Така, Уставниот суд решава за:

• повредите на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување;
• повредите на политичкото здружување и дејствување;
• забраните за дискриминација на граѓаните по основа на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.

Доколку сметате дека кое било од овие права ви е повредено, или дека постои која било друга основа за поведување постапка пред Уставниот суд, имате право да поднесете индивидуална иницијатива пред Уставниот суд.

Извор: Фондација Институт отворено општество – Македонија (Учиме право)

Партнери на Правдико