Која е Катица Јанева, специјалниот обвинител за „Пуч“ и „Прислушување“ | Правдико

Правдико

   

Која е Катица Јанева, специјалниот обвинител за „Пуч“ и „Прислушување“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За заменик-обвинител во Гевгелија е избрана 2003 година, а минатата година е реизбрана на функцијата обвинител во гевгелиското обвинителство.

5543E25AA08B9D45A5050566D127B713

Педесетгодишната Катица Јанева, јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Гевгелија, ќе биде специјалниот јавен обвинител што ќе ги расчистува случаите „Пуч“ и „Прислушување“. Потекнува од семејство на познат судија – нејзиниот татко бил и претседател на Основниот суд во Гевгелија. Учествувала на тренинзи и обуки и во академијата и на меѓународни семинари. За заменик-обвинител во Гевгелија е избрана 2003 година, а минатата година е реизбрана на функцијата обвинител во гевгелиското обвинителство.

Иако во јавноста не е многу познато нејзиното име, сепак, во фелата се оценува како професионален и искусен обвинител. Меѓу предмети на кои работела досега е случајот на Спаска Митрова-Савиќ за право на старателство над својата ќерка, во која беше вклучена и бугарската амбасада и организацијата „Радко“, па случајот доби и политички димензии. Спаска Митрова-Савиќ се обидуваше да му го одземе правото на нејзиниот сопруг Воислав Савиќ да ја гледа нивната заедничка ќерка.

За заменик-јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија е именувана во април 2003 година. Претходно, во 1998 година, таа била стручен соработник во Судот во Гевгелија, а во нејзината биографија е забележана и адвокатската професија.

Во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија, а годинава мандатот и е продолжен за уште четири години. Јанева завршила висока обука за организиран криминал и корупција во Италија, односно ја минала програмата „Фалконе“ во Сицилија, била на студиски патувања во САД и едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

Учествувала во проектот финансиран од ОБСЕ за подготовка на Правилник за евалуација и проценка на јавните обвинители, кои се спроведени со новиот закон за јавна постапка, кој се уште не е усвоен во Собранието. Член е на работна група избрана од Здружението на јавни обвинители за нацрт-закон за јавна постапка. Во 2014 година нејзиниот проект со наслов „Алтернативи на затворските осуди, општествено корисна работа и други мерки“ е прифатен од американската амбасада во Скопје.

Катица Јанева е избрана за јавен обвинител во Гевгелија во времето кога Љупчо Шврговски ја извршуваше функцијата државен јавен обвинител. Поранешниот државен јавен обвинител во изјава за медиумите вели дека Јанева е професионална и стручна.

„Коректна е, професионална и одговорна. Од тие причини сметам дека ќе одговори на потребите. Пред новата организација на обвинителството, надлежноста на гевгелиското обвинителство беше многу експонирана и работеше со сериозни предмети, предмети со голема тежина. Мислам дека искуството што го поседува е драгоцено и ќе ~ помогне да се справи со сите предизвици“, вели Шврговски.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико