Која е разликата меѓу иницијатива и право да се предложи донесување закон? | Правдико

Правдико

   

Која е разликата меѓу иницијатива и право да се предложи донесување закон?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

legal-coursesСекој има право да поднесе иницијатива за донесување закон!

Со ова право на граѓанинот му е овозможено да учествува во законодавната постапка, без притоа да биде член на некоја политичка партија или граѓанско здружение, или, пак, да биде вработен во државната администрација. Во согласност со член 133 од Деловникот на Собранието, иницијатива за донесување закон може да даде секојграѓанин, група граѓани, институции и здруженија. Граѓаните, пак, можат да се јават и како предлагачи на закон на два начина:

  •  посредно – преку овластените предлагачи и
  •  непосредно – преку граѓанска иницијатива, која според Уставот претпоставува постоење(потписи) на 10.000 избирачи.

Кога иницијаторот (на пример, граѓанинот) ќе ја поднесе иницијативата до овластениот предлагач (например, Владата) – што претставува посреден начин на предлагање закон – овластениот предлагач може да одлучи да поднесе предлог на закон или да ја отфрли иницијативата.
Правото да предлагаат донесување закон, според Уставот иДеловникот на Собранието имсе дава на овластените предлагачи, односно на:

  • секој пратеник во Собранието,
  • Владата и
  • најмалку 10.000 избирачи,

но не и на граѓанинот како поединец или здружен со други граѓани доколку нивниот број е помал од 10.000. Во тој случај, Собранието нема да ја отфрли иницијативата туку ќе ја достави до пратениците и до Владата, а за тоа ќе го извести подносителот на иницијативата. Ако овластениот предлагач ја
прифати иницијативата за донесување закон, на Собранието му доставува предлог за донесување закон.

Иако Уставот на РМ дава можност предлагачи на закон да бидат пратениците, Владата и најмалку 10.000 граѓани, во практиката повеќе од 95% од предлозите за донесување закон произлегуваат од Владата. Колку е значајна улогата на Владата во постапката на предлагање и донесување закон зборува и одредбата со која во случај Владата да не е официјален предлагач на законот, сепак, се предвидува предлог-текстот да мора да и биде доставен на Владата на мислење. Уште повеќе, претставник на Владата може да го образложи мислењето на седница на Собранието.

Извор: http://mof.org.mk
Учиме право клиничка програма

Препорачуваме

Партнери на Правдико