Која е целта на извршување казна затвор? | Правдико

Правдико

   

Која е целта на извршување казна затвор?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

jail-prisonЦелта на извршувањето на казната затвор е оспособување на осудените лица да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот во согласност со закон.Заради постигнување на целта на извршувањето на казната затвор кај осудените лица се развива чувството на одговорност и се поттикнуваат да го прифатат и активно да учествуваат во третманот за време на извршувањето на казната, мотивиран и насочен кон превоспитување и развивање на позитивните карактерни особини и способности што го забрзува успешното враќање во општеството.

При извршувањето на казната затвор мора да се заштити психофизичкиот и моралниот интегритет на осуденото лице и да се почитува човековата личност и достоинство. и се забранува секој облик на мачење, нечовечно или понижувачко однесување и казнување. Исто така многу важно е  да се обезбедува правото на лична сигурност на осуденото лице и самопочитувањето на неговата личност. Системот на извршувањето на казната затвор  се организира така што може во одвоени установи или во одвоени одделенија на одделни установи и групи во нив да се спроведе распоредување, класификација и разместување на одделни категории на осудени лица, за полесно спроведување на различни видови на третман, спречување на меѓусебното штетно влијание на осудените лица и одржување на дисциплината.

Осудените лица се распоредуваат во различни установи за извршување на казната затвор и нивната положба и системот на постапувањето се определува врз одредбите на овој Законот за извршување на санкциите  и во согласност со судската одлука. При издржување на казната се води сметка лицата од различен пол да бидат одвоени, лицата кои прв пат се во затвор да се одделат од оние кои се повратници и слично. Во врска со извршувањето на казната малолетнички затвор спрема малолетник до наполнувањето на 23- годишна возраст се извршува одвоено од полнолетните лица кои издржуваат казна во затворот. Исто така посебен третман му се дава и на лицата кои се водат како притвореници, тие не смеат да бидат заедно со лицата кои издржуваат казна затвор.

При распоредувањето, класификацијата и разместувањето на осудените лица, мора да се има предвид видот и природата на кривичното дело и степенот на кривичната одговорност како и и видот на неопходноста за примена на мерки на третман и видот на потребниот третман, нивната возраст, личните карактеристики и други околности од значење за оцена на личноста на осуденото лице. На младите осудени лица  им се обезбедат услови кои, колку што е тоа можно, ќе ги заштитат од штетното влијание на другите осудени лица, како и да им се создадат услови за живот и работа и за културни, спортски и други активности соодветни на нивната возраст.

Обврски на осудениците

– Осудените лица се должни да се придржуваат кон одредбите на куќниот ред на установата.

– Спроведувањето на дисциплината во установата за извршување на казната затвор се остварува строго, но справедливо и со почитување на човековата личност.

– Забрането е колективно казнување на осудените лица.

– Забранета е употреба на средства на присилба како казна.

На осудените лица треба да им се овозможи работа која ќе биде корисна и соодветна на начинот на нејзиното вршење на слобода. Постигнувањето на економска корист не смее да биде единствена цел на работата. Со работата осудените лица се здобиваат и ги развиваат работните навики, ги одржуваат работните способности и се стекнуваат со стручно знаење за работа на слобода.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико