Која е улогата на детективската дејност во Македонија? | Правдико

Правдико

   

Која е улогата на детективската дејност во Македонија?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

puskat-detektivi-sled-bolnite-slujiteli-62875Под детективска дејност  се подразбира собирање на податоци и информации, нивна обработка, како и посредување со нив на начин утврден со Законот за детективска дејност и Законот за трговски друштва.

Кој може да врши детективска дејност?

Детективската дејност може да ја врши само детектив со лиценца за вршење на детективска дејност која ја издава  Министерството за внатрешни работи на лице кое покрај општите услови за засновање на работен однос определени со Законот за работните односи  ги исполнува и следниве услови:

1) да е државјанин на Република Македонија;

2) да има живеалиште во Република Македонија;

3) со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на професија, дејност или должност додека трае
таквата мерка;

4) да има завршено високо образование;

5) да ужива углед за вршење на детективска дејност, односно со својот досегашен начин на живот, однесување и работа да гарантира дека совесно и чесно ќе ја врши детективската дејност,,

6) во последните две години пред да добие лиценца за работа да не извршувал работи и задачи во областа на безбедноста и одбраната во органите на државната управа како: овластено службено лице или на посебни работни места согласно со прописите од областа на внатрешните работи, работни места на определени должности согласно со прописи е од областа на разузнавањето или работните места од член 123 од Законот за одбрана и

7) да има положено стручен испит за вршење на детективска дејност

Кои се правата и должностите на детективот?

Детективските услуги се вршат само врз основа на договор склучен во писмена форма меѓу детективот и нарачувачот на детективските услуги и посебно писмено овластување од странката заверено кај нотар.

Детективот може да собира податоци и информации:

– за обезбедување на доказни материјали во врска со кривични дела или сторители на кривични дела;
– за лица кои се исчезнати или сокриени, за пишувачи на анонимни писма или за причинители на материјална штета;
– за откривање на идентитет на лице и негово живеалиште, односно престојувалиште;
– за украдени или изгубени предмети;
– за докази кои се во врска со заштита или утврдување на вистинитоста во постапка пред суд, друг државен орган, институција што
врши јавни овластувања или правно лице кое одлучува за одделни права на странката;
– за односот на работниците спрема заштитата на деловната тајна и
– за успешноста и деловноста на правни лица..

Детективот е должен да пријави кривично дело за кое се гони по службена должност, доколку во текот на работата дојде до сознание за
такво дело.

Детективот не смее да собира податоци за:

– личниот и семејниот живот, здравствената состојба или верските уверувања на лица, освен ако е тоа основа за развод на брак или се однесува на член на семејството на странката

– политичко уверување и дејствување на лица.

– работи од надлежност на државните органи.

Детективот не смее да склучува договори со домашни или странски државни органи или политички партии.

Податоците, информациите и сознанијата до кои детективот дошол при вршењето на детективската дејност, може да га користи само согласно со склучениот договор и  е должен да го штити интересот на лицето на кое се однесуваат податоците и информациите.
Детективот не смее да преземе дејствија спротивни на интересите на странката во наредните пет години од денот на склучувањето на договорот за вршење на детективски услуги.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико