Правдико

   

Кокаин пронајден во гостиварски ресторан, кривична пријава за сопственичката

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишна скопјанка во чиј ресторан во гостиварското село Неготино бил пронајден кокаин.

Како што информираат од МВР, дрогата била пронајдена во полициски претрес во локалот кој бил спроведен на 30 мај годинава.

Кривичната пријава против сопственичката е поднесена под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико