Коле Штерјев треба да ги достави записниците од седницата за спорниот избор на јавни обвинители
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер му наложила на Советот на јавните обвинители да ѝ ги достави записниците од седницата за спорниот избор на јавни обвинители од 31 јануари, а кои ги побара „Транспаренси интернешнл – Македонија“.
Претходно, ова тело кое го води Коле Штерјев, не ѝ ги даде записниците од седницата на невладината организација. По ова, „Транспаренси интернешнл – Македонија“ поднесе жалба до Комисијата, која се произнела позитивно и му наложила на Советот да ги предаде записниците.
Оваа граѓанска организација поднесе и претставка до Здружението на обвинителите и до Етичкиот совет. Од нив се бара да го проверат работењето, но и постапувањето на претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, и на членката на Советот, Фиданка Рајевска. Ова следува кога претседателот на Советот, Коле Штерјов, гласаше при изборот на својата внука Марија Ѓоргова, но и поради тоа што Рајевска гласала при изборот на обвинителката Лидија Раичевиќ, која го гонеше сопругот на Рајевска за банкарски криминал.
Извор: Макфакс