Колкава плата зема Барак Обама
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на САД, Барак Обама добива годишна плата од околу 400 илјади долари, пишува Business Insider. Како прилог на оваа сума, тој добива и дополнителни 50 илјади долари за трошоци по негова проценка.
Првиот претседател на земјата – Џорџ Вашингтон, земал плата од 25 илјади долари годишно во далечната 1789 година. Збирот сепак е еквивалентно на околу 600 илјади долари денес.
Меѓу 1789 и 2016 година, приходите на претседателите се зголемиле за пет пати. За последен пат тоа беше направено во 2011 година, кога беше одлучено годишната плата да се зголеми од 200 илјади долари на 400 илјади долари.
Само платата на Обама е доволна за да го стави меѓу најдобро платените 1% од луѓето во САД. Во 2011 година Обама пријавил 790 илјади долари приход, а голем дел од сумата над платата е од инвестиции и хонорари од продадените книги.
Кон приходите на семејството Обама треба да се додадат и бесплатниот превоз и живот во Белата куќа. Дополнителен бонус е и фактот дека по крајот на мандатот тој ќе добива по 200 илјади долари годишно до крајот на својот живот, канцеларија и здравствена заштита.
Извор: еМагазин