Правдико

   

Колку чинеше процесот пред Меѓународниот суд на правдата?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тужбите на Хрватска и Србија и процесот кој се водеше пред Меѓународниот суд на правдата ги чинеа државите скоро четири милиони евра.

126609236054d237a6693de128872910_orig

Во “цената” не се израчунати ни потрошеното време, ни последиците од “нерешениот резултат”, а на прашањето  што вредеше да се плати се наметнуваат одговорите- излегување од парадигмата на деведесетите и можноста за формирање на заеднички фонд за обештетување на жртвите.

Правниците и стручната јавност сметаат дека приказната за одговорноста на државите за геноцид е завршена со вчерашната пресуда, но и понатаму ќе се водат  процеси за воените злосторства пред  домашните судови.

Две децении после крајот на судирот, завршен е и процесот во Хаг. Делумно задоволни се и двете страни, но првите реакции покажуваат дека во Загреб сепак очекувале подобра пресуда. Членот на правниот тим на Србија до 2010 година, Владимир Ѓериќ, вели дека би било подобро да немаше правен спор, но тоа не зависело од српската страна.

“После 5-ти октомври беше еден огромен напор да се решат сите постапки пред МСП. Тој напор беше напор на новата демократска влада, а тоа нажалост не успеа. Секогаш постоеше желба спорот да се реши надвор од судот , но знаете, ако не можете да го решите мора да се браните. Никој не може да ви гарантира дека спорот ќе биде решен во ваша корист ако вие не се браните,”вели Ѓериќ.

Од Загреб веќе стигнуваат пораки дека од Србија ќе бараат кривично гонење на бившите највисоки  старешини на ЈНА. “Секој обвинет може да се извече само доколку умре, инаку ќе му биде судено,”изјави хрватскиот министер за правда Орсат Милјениќ.

“Очигледно е дека очекувањата негде беа многу поголеми, а тогаш и разочарувањето е многу поголемо. Ставот на хрватскиот министер е таков каков што е и се разбира дека тие можат да се обратат со едно такво барање кон Република Србија, но јас би кажала дека тие и претходно тоа го правеле, пред  да биде донесена оваа пресуда,”  вели Весна Кнежевиќ Предиќ од Факултетот за политички науки.

Хрватска го покрена процесот против Србија додека беше  жив  Фрањо Туџман 1999 година. После десеттогодишните обиди да се тргне процесот од масата на меѓународните судови, официјален Белград покрена контратужба за геноцид против Хрватска.

“Мислам дека Србија тука не можеше многу да бира. Одлуката која е донесена да се приложи противтужба, кога сега гледаме на тие работи, очигледно беше добро осмислена”, вели Весна Кнежевиќ Предиќ.

После низата на ослободителни пресуди пред Хрватскиот трибунал, со кои се ослободени од одговорноста за злочини хрватските генерали Анте Готовина, Младен Маркач и Иван Чермак, а минатата година и некогашните водачи на Државната безбедност Јовица Симатовиќ и Френки Станишиќ, јавноста во двете земји тоа го прифати со негодување. Сега пристигна и пресуда дека ниедна држава не е одговорна за геноцид. Што понатаму?

“Треба пред се да се излезе од парадигмата на деведесетите. Прашањето за злочините и прашањето за одговорноста за злочините и во крајна линија и прашањето за вистината за она што се случило не се решава низ било каков вид на конфликт, вклучувајќи и оние пред МСП, тоа се решава низ соработка”, вели Ѓериќ.

Ѓериќ смета дека добро би било и основање на заеднички фонд на Србија, Хрватска и БиХ за обештетување на сите жртви од судирите на просторите на бивша Југославија.

Извор: B92

Партнери на Правдико