Правдико

   

Колку е моќен вашиот пасош?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Можеби живееме во свет што е дефиниран од страна на невидливи мета-податоци и најсовремени технологии, но отприлика 5×12 центиметри големата хартиена книшка позната како пасош сеуште има огромна вредност.

travel

Повеќе од само едноставен грант за пристап во земјата, пасошите и визите се одраз на геополитика, односите меѓу две земји, и растот во однос на државата кон остатокот од светот. Дека се од огромна вредност говори и фактот дека доколку би запрашале дел од граѓаните на една од земјите во развој дали тие повеќе би сакале да добијат на лотарија или американски пасош, шансите се тие би се одлучиле за втората опција (иако би згрешиле мислејќи дека американскиот пасош е најмоќен во светот).

Еве еден преглед на моќноста на пасошите во светот – рангирана според слободата на патување кој што носителот на пасошот ја ужива.

passport-world

Најмоќен пасош, за изненадување, немаат граѓаните на САД. Најмоќни пасоши имаат граѓаните на Финска, Шведска и Велика Британија. Со нивните пасоши тие можат да влезат во 173 земји без виза или пак да добијат виза на пристигнување.

Данска, Германија, Луксембург и САД се на второто место со 172 земји за кои не им е потребна виза, потоа следуваат Белгија, Италија и Холандија со 171.

Граѓаните на Република Македонија имаат влез без виза во 103 земји. Од нашите соседи Грција има најмоќен пасош – влез во 167 земји (исто колку и со Австралиски пасош), додека Бугарија има безвизен влез во 141 земја. Нашиот северен сосед, Србија, може да влезе без виза во 104 земји, Албанија во 88, а најслаб пасош има Косово со влез во 38 земји.

Целосната листа погледнете ја тука (кликни на сликата за да се прикаже поголема):

 

visa-countries-big

 

– ПРАВДИКО –

Поврзани статии:

– Основни правила за безвизно патување

– Вашите права и обврски при организирано патување

– Постапка за издавање меѓународна возачка дозвола

Партнери на Правдико