Колку се потрошиле партиите за првите десет дена од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2014
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната комисија за спречување на корупција согласно со својата обврска од Изборниот законик ги објавува финанскиските извештаи за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања за Предвремените парламентарни избори 2014 за првите десет дена од истата на учесниците на изборната кампања што ги имаат доставено до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Според член 84-б од Изборниот законик, извештаите се поднесуваат до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се должни да ги објават на своите веб страници.
Согласно извештаите:
– Демократска Партија на Албанците – ДПА на својата сметка имала приходи од 60.000,00 денари, а додека расходите изнесувале 130.626,00 денари. Приходите се од донации и се искористени главно за реклама и пропаганда.
– Демократска Унија за Интеграција – ДУИ на својата сметка имала приходи од 2.699,00 денари и расходи во износ од 18.957,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда.
– Достоинство за Македонија на својата сметка имала приходи од 3.000,00 денари кои се од единствен донатор и сеуште не ги искоритиле.
– Коалиција ГРОМ на својата сметка имала приходи од 942.695,00 денари и расходи во износ од 938.310,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда, изнајмување на простор и опрема и слично.
– Коалиција за позитивна Македонија на својата сметка имала приходи од 3.079,00 денари и расходи во износ од 2.670,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда,изнајмување на простор и опрема и слично.
– Национална Демократска Преродба на својата сметка имала приходи од 150.000,00 денари и расходи во износ од 139.650,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда, копирање, печатење, издавање и слично.
– Народно Движење за Македонија на својата сметка имала приходи од 38.000,00 денари и расходи во износ од 395.435,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда, судски и правни услуги и слично.
– Партија за економски промени на својата сметка имала приходи од 150.000,00 денари и расходи во износ од 139.650,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда, копирање, печатење, издавање и слично.
– Партија за Европска иднина – ПЕИ на својата сметка не се регистрирани ниту приходи ниту расходи.
– Социјалдемократски Сојуз на Македонија – СДСМ на својата сметка имала приходи од 8.054.000,00 денари и расходи во износ од 8.028.077,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда, изнајмување на простор и опрема и слично.
– ВМРО Народна партија на својата сметка имала приходи од 2.888.500,00 денари и расходи во износ од 2.887.578,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда, изнајмување на простор и опрема и слично.
– ВМРО – ДПМНЕ на својата сметка имала приходи од 52.233.654,00 денари и расходи во износ од 43.907.166,00 денари. Приходите се врз основ на донации и се искористени главно за реклама и пропаганда, изнајмување на простор и опрема, превозни и транспортни услуги и слично.
Целосните извештаи можете да ги превземете тука:
- Демократска Партија на Албанците – ДПА
- Демократска Унија за Интеграција – ДУИ
- Достоинство за Македонија
- Коалиција ГРОМ
- Коалиција за позитивна Македонија
- Национална Демократска Преродба
- Народно Движење за Македонија
- Партија за економски промени
- Партија за Европска иднина – ПЕИ
- Социјалдемократски Сојуз на Македонија – СДСМ
- ВМРО Народна партија
- ВМРО – ДПМНЕ
–ПРАВДИКО–