Правдико

   

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и за отказ по завршување на постапката.

Според информациите на МВР, С. В (49), командир на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, во текот на 2019 година во повеќе наврати, а последен пат на 7 ноември минатата година, искористувајќи ја својата позиција, сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози, кои на крајот резултирале со закана кон неа поради тоа што го одбивала.

При извршените контроли од страна на одделот за внатрешна контрола, уште две други полициски службенички, вработени во Полициската станица Гази Баба, пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот, но со оглед на времето поминато од случувањето на овие настани постои апсолутна застареност за донесување решение за изрекување дисциплинска мерка.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико