Командирот на Полициската станица Центар барал партиски подобни полицајци да бидат ангажирани во Центар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Командирот на Полициската станица Центар, Зоран Марковски, во телефонски разговор од 2 април 2013 година со ексминистерот Миле Јанакиески нудел имиња на партиски подобни полицајци да бидат ангажирани за изборите во Центар.
„Освен еден што ми пуштија со триста усилби преку Мијалков, преку Влатко… ама еден човек не ми врши работа“, му вели Марковски на Јанакиески.
„Ќе видам јас и со министерката моја. Јас ќе ви дадам неколку имиња на верни и чесни и полициски и политички да ми ги донесете“, вели командирот во ПС Центар.
„Јас в петок ќе го направам списокот. Ако може да помогнете“, командирот го замолува Јанакиески.
На почетокот од рочиштето, по паузата, судијата го опомена експремиерот да не доцни бидејќи Груевски се појави во судницата 16 минути по закажаниот термин на рочиштето.
„Во иднина навреме да се враќате во судницата“, рече судијата Шабани.
Извор: Макфакс