Коментар на Законот за класифицирани информации | Правдико

Правдико

   

Коментар на Законот за класифицирани информации

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со воспоставувањето на законската и институционалната рамка за заштита на класифицираните информации во Република Северна Македонија, се зајакна постојниот систем за заштита на информациите од интерес за државата и се воспостави цврста основа за кредибилна соработка со меѓународните организации и странски држави во однос на прашања од чувствителен карактер поврзани со безбедноста. Регулативата за заштита на класифицираните информации е донесена со цел да се воспостави позитивна практика за заштита на националните безбедносни интереси, да се спречи нанесување штета на политиката на национална безбедност и на интересите на државата, јасно да се дефинира поделбата на надлежностите и одговорностите, да се исклучи можната злоупотреба во извршувањето на работните задачи и должности, да се овозможи ефикасна контрола и систем за санкционирање, како и за да се осигура добивање на потребниот кредибилитет во работата и во работењето.

Законската регулатива на Република Северна Македонија за заштита на класифицирани информации е во согласност со стандардите на НАТО и на ЕУ. Нејзината имплементација, како и добрите резултати од работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како единствен орган за спроведување на утврдената национална политика и на меѓународните стандарди за заштита на класифицираните информации и за реализирање на размената на класифицираните информации согласно воспоставените процедури, придонесуваат за подигање на степенот на безбедноста и заштитата на класифицираните информации и за унапредување на безбедносната култура кај вработените во државната администрација кои работат со такви информации. Ова го потврдува и фактот што при подготовките на Република Северна Македонија за членство во НАТО големо значење се придаваше на унапредувањето на размената на класифицирани информации како на една од привилегираните видови
соработка со меѓународните организации и странски држави. Безбедноста на класифицираните информации исто така е едно од клучните прашања од Поглавјето 31 – Надворешна безбедносна и одбранбена политика (НБОП) во рамките на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА).

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико