Правдико

   

Повеќе комисии ќе расправаат денеска во Собранието

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Собранието на Македонија денеска треба да заседава Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

sobranie

На дневен ред е предлог-деловникот за работа на Комисијата.

Седница во законодавниот дом треба да одржи и Буџетскиот совет на Собранието. Ќе се расправа за стратегискиот предлог-план на Собранието на РМ за периодот 2016-2018 година и за буџетското предлог-барање на Собранието за 2016 година, а треба да биде утврдено и мислење по предлогот за продажба на движни ствари во Собранието на кои потребата од користење е престаната.

Комисијата за одбрана и безбедност, пак, ќе ја разгледа предлог-одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, а Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа за новите развојни стратегиски цели и родовата еднаквост – еднаквите можности во Република Македонија.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико