Правдико

   

Комисијата за европски прашања ќе расправа за предлог-законот за употреба на јазиците

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комисијата за европски прашања за во 13 часот закажа седница на која на дневен ред е предлог-законот за употреба на јазиците во второ читање.

Пратениците треба да разгледаат стотина поднесени амандмани, од кои повеќето, над 80, се предложени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Амандмани поднесоа СДСМ и Беса, освен ДУИ. Извесно е дека пратеницте на ВМРО-ДПМНЕ нема да се појават и на денешната Комисија по најавата дека ќе учестуваат во работата на Собранието како поддршка на своите шест пратеници што се во притвор.

Инаку, по разгледувањето на поднесените амандмани на законот во второ читање, ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот. Потребата од носење закон за употреба на јазиците беше изгласана од пратениците на 15 ноември годинава. „За“ гласаа 66 пратеници, а 41 беа „против“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико