Комисијата за заштита од дискриминацијата ги осуди содржините од збирката поезија | Правдико

Правдико

   

Комисијата за заштита од дискриминацијата ги осуди содржините од збирката поезија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комисијата за заштита од дискриминацијата ги осуди содржините од збирката поезија од проектот „Млади поети“, што беше финансирана од страна на Агенцијата за млади и спорт.

„Врз основа на избраните тематски содржини на конкурсот за збирката поезија од проектот „Млади поети“ и нивното финансирање од страна на Агенцијата за млади и спорт, Комисијата за заштита од дискриминацијата најостро ја осудува постапката на Агенцијата за млади и спорт, како и стручната комисија што одлучувала при евалуација на содржините и авторот на вознемирувачките и дискриминаторски содржини. Содржините што се објавени од уредникот Дарко Каевски и воедно финансирани од Агенцијата за млади и спорт содржат елементи на дискриминација по основ на етничка, верска и родова припадност“, стои во реакцијата на Комисијата.

Понатаму, ова тело му порача на директорот на Агенцијата за млади и спорт да ги повлече песните од употреба, но и да се внимава во иднина да не се објавуваат вакви содржини. Комисијата за заштита од дискриминацијата исто така ѝ предлага на стручната комисија за избор да внимава при понатамошните евалуации за соодветни збирки и нивните содржини.

„Збирката поезија содржи форми на изразување што не се прифатливи за едно демократско и мултикултурно општество, а во исто време се во директен судир со повеќе одредби од Законот за спречување и заштита од дискриминацијата. Спорните делови од збирката особено поттикннуваат дискриминација (член 9) и предизвикуваат вознемирување (член 7) по повеќе основи на дискриминација, особено пол и етничка припадност“, соопшти Комисијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико