Комитетот на ОН за тортура бара истрага за македонските хашки случаи, амнестијата не важи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Според меѓународното право, случаите на злосторства против цивилно население, случаи на тортура и мачење не застаруваат и не може да подлежат на амнестија, пишува во извештаите на Комитетот за тортура на Обединетите нации и на Амнести интернешнел за Македонија, пишува МКД.
На оваа листа е и случајот со шесте исчезнати албански цивили во конфликтот во 2001 година.
Според експертите за човекови права, обвинетите за кршење на човекови права не смеат да поминат неказнето.
Комитетот за тортура на ОН од македонското јавно обвинителство бара да се отворат нови истраги за случаите Мавровски работници, Непроштено, Браната на Липковско Езеро и Водството на ОНА. Овие случаи ѝ беа вратени на Македонија од Хашкиот суд во 2008 година со ветување дека македонското обвинителство ќе ги истражи. Хашкиот суд процесуираше само еден случај од Македонија – случајот Љуботен кој заврши со затворските казни за Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски.
Но, по полиитичкиот договор меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за овие случаи е донесен Законот за амнестија и за македонското правосудство овие предмети се затворени.
Сепак, Комитетот за тортура на ОН во мајскиот извештај вели дека е сериозно загрижен дека со Законот за амнестија ќе се обезбеди обвинети за кршење на човековите права од конфликтот во 2001 година да поминат неказнето.
По донесувањето на Законот за амнестија (19 јули 2011 година), Јавното обвинителство на Република Македонија ги прекина истрагите за четирите случаи на воени злосторства.
Извор: еМагазин