Правдико

   

Комитетот за интеграција во НАТО: Финализираат реформите за полноправно членство на државата во НАТО

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО вчера попладне одржа седница со која претседаваше премиерот  Зоран Заев. На седницата членовите на Комитетот се информираа за статусот и напредокот на реформите на безбедносните служби. Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, информираше за интензитетот на активностите и системските решенија преземени за структуирање на новоформираната Агенција (АНБ), следејќи ги критериумите и стандардите на северноатлантската алијанса.

Во рамки на денешната седница беа разгледани и начините за воспоставување безбедносна комуникација со НАТО и беа разгледани можности за обезбедување просторно решение за постојаната мисија на нашата земја како полноправна членка на НАТО.

Во продолжение на седницата, членовите на Комитетот разговараа и за одделни прашања што се однесуваат на остварување на дадената рамка за продолжување на домашните реформи, како и за текот на досегашната ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, од  страна на земјите членки.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико