Комунални инспектори истепани во Скопје од лица што фрлале шут на јавно место
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Двајца комунални инспектори биле натепани од лица што фрлале шут на несоодветна локација во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера, во полиција било пријавено дека на улицата Перо Наков биле нападнати В. Т. (50) од Скопје, комунален инспектор во Град Скопје, и неговиот колега М. Ѓ. (38) од Волково.
Инспекторите забележале четири лица како истовараат шут на наведената локација и ги предупредиле да не го прават тоа по што биле нападнати, а В. Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извор: Макфакс