Kомуналното претпријатие во Дебар почна со присилна наплата на долговите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар, кое стопанисува со водоводот „Росоки – Дебар“, одлучи големите долгови што ги имаат институциите, претпријатијата и домаќинствата за неплатени сметки за вода и смет да ги наплати по судски пат и со исклучувања.
Директорот на јавното претпријатие, Мазлум Леши, изјави дека во моментот на ЈКП „Стандард“ корисниците на услугите му должат над 1,3 милион евра поради што трпат вработените, кои повеќе години добиваат плати, но без да им се намируваат придонесите за здравствено и пензиско осигурување. И покрај многуте апели, голем е бројот на корисниците што не ги наплатуваат сметките, а меѓу нив има и многу институции.
„Ние се одлучивме наплатите да ги вршиме по судски пат, но и со искчучување на водата“, изјави директорот Леши и додаде дека на оваа мерка управата на претпријатието се одлучила по многуте апели што не вродиле со плод.
Поради големите долгови што корисниците ги имаат кон ЈКП „Стандард“, има проблеми и со одржувањето на машинскиот парк, како и со депонијата која е во тешка состојба. „Советот на Општина Дебар, кој е основач на ЈКП, пред извесно време не даде зелено светло за благо покачување на цената на водата“, вели директорот Леши и додава дека моментно дебрани пијат најевтина вода во Македонија, која изнесува 16 денари на кубен метар.
„Проблемите со водоснабдувањето во летниот предиод се поради злоупотреба на водата за наводнување на зелените површини. Ние веќе презедовме активности за исклучување на таквите корисници од водоводната мрежа“, вели Леши. Со цел да се обезбеди стабилно снабдување на градот со вода, особено во летниот период, Општината најави изградба на нов резервоар. Советот на Општината исто така упати апел корисниците навреме да ги плаќаат сметките од ЈКП „Стандард“.
К. М.
Извор: Макфакс