Кондовец доби кривична за тешки кражби
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Tетовската полиција поднесе кривична пријава против жител на с. Кондово, поради тешки кражби.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И. (26) од с.Кондово, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“.
Во текот на декември 2016 година пријавениот ги извршил тешките кражби претежно во угостителски објекти и обложувалници лоцирани во тетовското подрачје.
Пријавениот насилно ги отворал влезните врати од објектите, од каде одзел шест телевизори и парични средства во разни апоени.
Со сторените кривични дела предизвикал материјална штета во висина од 94.000 денари. По наредба на Основен суд Скопје 1 Скопје извршен бил претрес во дом и помошни простории во куќата на пријавениот при што биле пронајдени два телевизори кои, со потврда за привремено одземени предмети, се одземени и му се вратени на едно од оштетените лица.
Извор: Макфакс