Конференција на тема: Реформи на кривичниот систем во регионот..
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатската комора на Република Македонија во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, организираат конференција на тема: “Реформи на кривичниот систем во регионот: Предизвици, трендови, и воспоставување на адверзијален систем на кривична постапка“.
Конференцијата ќе се одржи на ден 21 и 22 мај 2014 година (среда и четврток) во хотел Арка во Скопје, и истата е наменета за адвокати, јавни обвинители, судии и претставници од правосудните системи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово и Црна Гора.
Програмата согласно која ќе се одвива конференцијата ќе ви ја доставиме дополнително.
Сите заинтересирани адвокати да се пријават на e – mail: d.georgiev@mba.org.mk или на телефоните во АКРМ најдоцна до 19 мај 2014 година.
Извор: Адвокатска комора на РМ