Конференција нa тeмa: ,,Заштита на децата-жртви во правните постапки’
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” во соработка и со финансиска поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје организира конференција на тема: ,,Заштита на децата-жртви во правните постапки’’ која ќе се одржи на 2 февруари 2017 година (четврток), во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Конференцијата е наменета за судии од кривичните и граѓанските оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници од Министерството за правда на Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Со воведно обраќање до присутните конфренцијата ќе ја отворат: г-а Анета Арнаудовска, директор, Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ и г-а Елспет Ериксон, заменик претставник, УНИЦЕФ
Свои излагања на конференцијата поврзани со темата ќе имаат: г-а Корнелија Иванушиќ, судија во Општинскиот суд во Велика Горица, Република Хрватска, г-а Зора Треневска, судија на Апелационен суд Скопје, г-а Џулијана Мишевска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и г. Владимир Милошевски, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на конференцијата се следните:
-Кривично правна заштита на децата-жртви, мерки на процесна заштита и мултисекторски тимови
-Заштита на децата -жртви во правните постапки од граѓански аспект
-Најчести облици на криминал на детска порнографија преку интернет
-Новите начини на електронска комуникација и заштита на децата