Kонференција: Унапредување на системот за одбрана по службена должност | Правдико

Правдико

   

Kонференција: Унапредување на системот за одбрана по службена должност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

helsinksi-komitetХелсиншкиот комитет има чест да ве покани на завршната конференција во рамките на регионалниот проект „Унапредување на заштитата на правата на обвинетите во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија и Албанија“,координиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Српска, со поддршка на Канцеларијата на Американската адвокатска комора во Скопје. Конференцијата ќе се одржи на 30 јуни 2016 година (четврток), во Хотел „Арка“ во Скопје, со почеток од 12:00 часот. Поканата и агендата можете да ги преземете на следниов ЛИНК

Во рамки на проектот беше изготвена компаративна анализа на ниво на Западниот Балкан, во врска со правото на бесплатен бранител по службена должност кога обвинетиот е сиромашен, односно кога тоа го бараат интересите на правдата и задолжителна одбрана со бранител. Анализата на оваа тема за Република Македонија беше подготвена од претседателот на Хелсиншкиот комитет, проф. д-р. Гордан Калајџиев.

Хелсиншкиот комитет побара и доби информации од 26 основни судови ширум државата што се однесуваат на поставувањето на бранители по службена должност, можноста за избор на бранител од страна на обвинетите лица, бројот на ангажирани бранители во 2015 година, начинот и времетраењето на исплата на бранителите и проверка на нивната компетентност од страна на судовите. Од страна на Судскиот совет на РМ беа побарани и добиени податоци во врска со вкупниот износ на неподмирени обврски на судовите за ангажирани бранители.

За време на завршната конференција на која ќе учествуваат адвокати и претставници на граѓански здруженија и медиуми ќе бидат презентирани наодите и препораките од Анализата за почитувањето на правото на бранителво Република Македонија, одговорите на основните судови и Судскиот совет на РМ, видувањата и препораките што произлегоа од консултативниот состанок со адвокати и завршниот Документ за јавна политика.

На учесниците што не живеат или работат во Скопје ќе им бидат надоместени патните трошоци во висина на повратен билет за воз/автобус или 8 денари за поминат километар со сопствено возило. За учесниците со живеалиште/престојувалиште подалеку од 100км од Скопје ќе биде обезбедено едно ноќевање во хотел, од 29-ти до 30-ти јуни.

Препорачуваме

Партнери на Правдико