Правдико

   

Конференција за праксата на Европскиот суд за човековите права

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

echrГлавната цел на оваа регионална конференција е судиите од Регионот да ги споделат националните искуства во постапувањето во предметите по клевета и навреда со примена на стандардите на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

На конференцијата ќе учествуваат судии од граѓанските оддели кои   постапуваат во случаите на граѓанска одговорност за навреда и клевета.    Покрај судиите од Република Македонија, на конференцијата ќе учествуваат судии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. 

Со поздравни и воведни обраќања до присутните конференицјата ќе ја отворат: г-ѓа Анета Арнаудовска, Директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и г-ѓа Лејла Дервишагиќ, менаџер на Програмата, раководител на Единицата за соработка, Служба за медиуми, Генерален Директорат за човекови права и владеење на правото, Совет на Европа, Стразбур.

Одделни случаи водени спорд праксата на ЕСЧП во врска со примената на член 10 од ЕКЧП – слобода на изразување, поврзано со заштитата на другите загарантирани права со Конвенцијата ќе ги презентираат судиите на Европскиот суд за човекови права: д-р Мирјана Лазарова Трајковска од Република Македонија, која ќе зборува на темата: „Слобода на изразување и право на приватен живот“ и г-ѓа Исил Каракаш (Isil Karakas) од Република Турцијакоја ќе зборува за слободата на изразување и судската пракса на ЕСЧП во однос на Република Турција. Во рамки на регионалната конференција која ќе ја модерира г-ѓа Лидија Тасева, судија на Врховен суд на Република Македонија, предвидени се и три сесии во кои претставниците на Делегациите од земјите кои учествуваат ќе ги презентираат националните искуства, како и идните предизивици во поглед на темата на конференцијата.

Регионалната конференција претставува заокружување на Проектот „Промовирање на слободата на изразување и слободата на медиумите во Југоисточна Европа“,  кој се состоеше од реализација на две дводневни работилници посветени на членот 10 од Европската конвенција за човекови права – слобода на изразување и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, наменети за судиите кои се специјализирани за постапување во граѓанските предмети за клевета и навреда.

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

Партнери на Правдико