Конференција за унапредување на работата на Антикорупциска | Правдико

Правдико

   

Конференција за унапредување на работата на Антикорупциска

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Конференцијата насловена „Моделот на превентивното тело за антикорупција: како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени?“ ќе се одржи денеска во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Транспрентност Македонија (ТМ).

На конференцијата ќе се обрати Драго Кос, претседател на работната група на ОЕЦД за поткуп во меѓународни деловни односи и поранешен претседател на Антикорупциска комисија во Словенија.

МЦМС ќе ги претстави резултатите од следењето на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во периодот од јануари до јуни 2017 г.

ТМ ќе ја претстави анализата на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судирот на интереси и препораки за подобрување на институционалната и правна рамка, подготвена од Вања Михајлова, поранешен член на ДКСК.

Целта на конференцијата е да се отвори дискусија за досегашното функционирање на ДКСК во спроведувањето на антикорупциските политики и борбата против корупцијата и потребата од измени на моделот на Комисијата како превентивно антикорупциско тело.

Конференцијата е дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико