Конференција: „Заштита на децата-жртви во правните постапки“ | Правдико

Правдико

   

Конференција: „Заштита на децата-жртви во правните постапки“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје организира конференција на тема „Заштита на децата-жртви во правните постапки“ која ќе се одржи на 2 февруари 2017 година во Скопје.

Советувањето е наменето за адвокати, судии од кривичните оддели и јавни обвинители.Предавачи на  советувањето ќе бидат г-ѓа Корнелија Иванушиќ, судија во Општинскиот суд во Велика Горица, Република Хрватска, г-ѓа Џулијана Мишевска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје и г-дин Владимир Милошевски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико