Конфискувана рекордна пратка метамфетамин во Австралија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Рекордна пратка метамфетамин е конфискувана во Австралија, при што две лица се уапсени и обвинети за случајот.
Дрогата била откриена во магацин во Нунавадинг, источно од Мелбурн. Станува збор за 903 килограми метамфетамин во вредност од 900 милиони австралиски долари (637 милиони американски долари). Наркотикот бил скриен во картонски пакети со ламинат, увезен од Кина.
Австралискиот министер за правда Мајкл Кинан изјави дека тоа е најголемата запленета пратка на метамфетамин во историјата на земјата.
Една недела претходно во Мелбурн беа конфискувани 300 килограми од истата дрога. Во тој случај беа уапсени тројца Виетнамци.
Извор: Нова Македонија