Конгресот ќе го тужи Обама | Правдико

Правдико

   

Конгресот ќе го тужи Обама

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот Претставнички дом има намера да поднесе тужба против претседателот Барак Обама поради здравствената реформа. „За“ резолуцијата која дозволува поднесување тужба против претседателот гласаа 225 републиканци.

d185e55778ecefa1d691cc67256a80afabş-konqersi

„За“ резолуцијата не гласаше ниту еден демократ, па дури и петмина републиканци беа против. На крајот, сепак, бројот на гласови беше доволен за донесување на резулцијата со која се дозволува тужба против Барак Обама. Пратениците одлучија со 225 гласови „за“ и 201 „против“.

Претседателот е обвинет дека ги пречекорил границите поставени со Уставот, кога со претседателски декрети променил делови од контроверзната здравствена реформа во земјата. Џон Бенер, висок претставник на републиканците во Вашингтон, изјави: „Не може претседателот да одлучува кои закони ќе важат, а кои ќе бидат од него променети.“

Републиканците веќе подолго време го обвинуваат Обама дека поради долгата блокада меѓу Претставничкиот дом и Сенатот, владее во стил на монарх, со декрети, заобиколувајќи го Конгресот. Демократите тоа го отфрлаат и велат дека Обама има овластување да носи декрети.

Тие им префрлаат на републиканците дека на овој начин сакаат да фрлат лошо светло врз претседателот пред претстојните избори за Конгресот во ноември. Според демократите, ова е само правно неоснован маневар кој ќе ги чини даночните обврзници милиони долари за адвокатски трошоци и други давачки.
Како тужбата треба да функционира во практика е прашање на кое егзактен одговор не можат да дадат ниту правните експерти. Тужба е смешна, оцени демократот Елси Хејстингс. Демократите претпоставуваат дека зад овој чекор може да се крие намера на републиканците да покренат постапка за импичмент против претседателот. Бенер тоа го демантира.

Претседателот Обама реагира без возбуда на острењето на сабјите од страна на опозицијата: „Наместо да поднесуваат тужба против мене затоа што си ја работам работата, сакам и пратениците во Конгресот да си ја вршат работата и да го направат малку подобар животот на Американците кои ги избрале.“

Извор:Deutsche Welle

Препорачуваме

Партнери на Правдико