Kонкурс за доделување на две стипендии за студенти на правниот факултет „Jустинијан први“ од Скопје | Правдико

Правдико

   

Kонкурс за доделување на две стипендии за студенти на правниот факултет „Jустинијан први“ од Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА, поттикнато од потребата за создавање на стручен кадар, заинтересиран за професионално ориентирање во областа на адвокатурата распишува:

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДВЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ
„ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ОД СКОПЈЕ
Се поттикнуваат да аплицираат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

• Имаат запишано зимски семестар од II (втора) година, Постдипломски студии за
студиска 2022/23 година
• Просечниот успех од досегашното студирање треба да изнесува најмалку 7.5
• Солидно познавање на еден странски јазик
• Својата професионална кариера сакаат да ја градат во областа на адвокатурата
Потребни документи:
• Копија од индекс со запишан зимски семестар од II (втора) година, Постдипломски
студии за студиската 2022/2023 година
• Кратка биографија
• Пријава со образложение за својата мотивираност за конкурсот

Нудиме:

• Месечна стипендија во нето износ од 3.000 денари, во времетраење од 10 (десет
месеци) т.е една студиска година
• Практична поддршка во текот на студирањето
• Стручно оспособување за вршење на адвокатската дејност
• 6 (шест) месеци стажирање во Адвокатското друштво, по завршување на студиите

Пријавување: Од 8 до 18 Ноември 2022 година, на следната адреса:

Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска
Ул. Мирче Ацев бр.2/3кат, Скопје

Или на email: info@ddklaw.com.mk
За дополнителни информации можете да се обратите на следните контакт телефони:
02 3136 530/ 3215 471.

Препорачуваме

Партнери на Правдико