Конкурс за именување на нови 36 нотари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Врз основа на член 10 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на РМ” бр.55/07, 86/08, 139/09 и 135/11) и член 2 од Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта на нотарите во Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.1/08, 148/08 и 91/13) министерот за правда го распишува триесет и третиот Конкурс за именување на нотари.
1. Се распишува Конкурс за именување нотари за следните нотарски седишта:
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Берово;
– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Битола;
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Виница ;
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гевгелија;
– за пет нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гостивар;
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Дебар;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кавадарци;
– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Куманово;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Прилеп;
– за седум нотарски места со службено седиште на подрачјето на основните судови на градот Скопје;
– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струга;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струмица;
– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Тетово;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Велес;
– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Штип.
2. Кандидатот кој ќе конкурира за именување на нотар, треба да ги исполнува условите предвидени во член 9 и член 10 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на РМ” бр. 55/07, 86/08, 139/09 и 135/05) и тоа:
а) да е државјанин на Република Македонија;
б) да е деловно способен и да ги исполнува општите услови определени со закон за засновање на работен однос во државен орган (да не е осуден со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеца или да не му е изречена казна забрана за вршење на професија на нотар и да има општа здравствена состојба);
в) да е дипломиран правник;
г) да има положено нотарски испит;
д) да има работно искуство на правни работи најмалку пет години;
ѓ) да ужива углед за вршење на нотарски работи, односно да не е презадолжено;
е) да има дадено изјава дека ќе обезбеди опрема и простории за нотарска канцеларија сместена во градежен објект со посебен влез и да не биде помала од 30 м2.
3. Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да приложат: кратка биографија, уверение за државјанство, уверение за деловна способност, лекарско уверение за општата здравствена состојба издадено од доктор по медицина на трудот кое не е со изминат рок од 12 месеци, уверение за завршен Правен факултет, уверение за положен нотарски испит, потврда за работно искуство на правни работи најмалку пет години, уверение за неосудуваност, уверение дека не му е изречена казна забрана за вршење на професијата нотар, изјава заверена кај нотар дека ужива углед за вршење на нотарски работи, односно дека лицето не е презадолжено, изјава заверена кај нотар дека ќе обезбеди опрема и простории за нотарска канцеларија сместена во градежен објект со посебен влез и да не биде помала од 30м2;
4. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавување на конкурсот во “Службен весник на Република Македонија”.
5. Пријавите со прилозите (во оригинал или во фотокопија заверена кај нотар), со кои се докажува дека се исполнети условите за именување на нотар предвидени во член 9 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на Република Македонија” бр. 55/07, 86/08, 139/09 и 135/11), се поднесуваат до Нотарската комора на Република Македонија. 6. Кандидатите можат да се пријават за сите нотарски места објавени во Конкурсот, а можат да го определат приоритетот на местата на кои сакаат да бидат именувани.