Конкурс за именување нотари | Правдико

Правдико

   

Конкурс за именување нотари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

К О Н К У Р С

за именување нотари

          Врз основа на член 11 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16  и 233/18) и член 2 од Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта и службените подрачја за кои се именуваат нотарите (“Службен весник на РМ” бр.226/16), Министерството за правда го распишува триесет и осмиот  Конкурс за именување на нотари за следните нотарски седишта:

–       две  нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Битола;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд  во  Виница;

–       три  нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кавадарци;

–       три  нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Куманово;

–       едно  нотарско места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Прилеп;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Свети Николе;

–       две  нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струмица;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Велес;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Крушево;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Тетово;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гостивар;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Дебар;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кичево  и

–       две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основните судови на градот Скопје

  1. Кандидатот кој ќе конкурира за именување на нотар, треба да ги исполнува условите предвидени во член 10 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на РМ” бр. 72/16, 142/16 и 233/18) и тоа:

а)  да е државјанин на Република Северна  Македонија;

б) да е деловно способен и да има општа здравствена способност, што се докажува со уверение издадено од надлежна здравствена установа  од областа на медицина на трудот;

в) да е дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование на правни студии или дипломиран правник кој според Болоњската декларација има 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) или нострифицирана диплома за завршени правни студии во странство во траење од четири години или според Болоњската декларација има 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС);

г) да има положено правосуден испит;

д) да има положено  нотарски испит;

ѓ)  да  има   најмалку  три годинни  работен стаж на правни работи по положен правосуден испит или две години работен стаж во нотарска канцеларија по положен  правосуден испит;

е) да не е осуден со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци или да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност;

ж) да даде изјава заверена од нотар дека ќе обезбеди соодветна опрема и простории за вршење на нотарската служба;

з) да даде изјава пред нотар дека не е презадолжено, со сите последици од давање на лажен исказ;

ѕ) активно да го владее македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;

ј) да не му престанала функцијата судија, односно не му престанал работниот однос како државен службеник, помошник нотар, заменик нотар, адвокат или извршител со правосилна одлука во дисциплинска постапка додека не поминат три години од денот на правосилноста на одлуката.

  1. Заинтересираните кандидати кон пријавата треба да приложат: кратка биографија, уверение за државјанство, уверение за деловна способност, лекарско уверение за општата здравствена состојба издадено од надлежна здравствена установа од областа на медицина на трудот кое не е со изминат рок од 12 месеци, диплома за завршен правен факултет, уверение за завршен правен факултет, нострифицирана диплома доколку правните студии се завршени во странство, уверение за положен правосуден испит, уверение за положен нотарски испит, доказ за работен стаж на правни работи по положен правосуден испит, уверение занеосудуваност,уверение  дека  не му   е  изречена  казна   забрана  за  вршење на  професија,  дејност  или   должност , изјава   заверена   кај   нотар   дека   ќе обезбеди соодветна опрема и простории за вршење на нотарската служба и изјава заверена кај нотар дека не е презадолжен.
  2. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавување на конкурсот во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
  3. Кандидатите можат да се пријават за сите нотарски места објавени во Конкурсот. Кандидатите можат да го определат приоритетот на местатана кои сакаат да бидат именувани.
  4. Пријавите со прилози (во оригинал или фотокопии заверени кај нотар) со кои се докажува дека се исполнети условите за именување на нотар, предвидени во членот 10 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16, 142/16 и 233/18), се поднесуваат писмено до Нотарската комора на Република Северна Македонија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико