Панчевски му поднесе контра пријава на судијата Џолев
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски денеска бил во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде ги отфрлил наводите деја му вршел влијание на судијата Иван Џолев и истовремено поднел против него кривична пријава за лажна пријава.
„По даденото произнесување во врска со наводите во кривичната пријава ја известувам јавноста дека од моја страна на записник пред надлежниот јавен обвинител откако ги слушнав наводите на пријавата и се произнесов по истите отфрлајќи ги како неосновани истовремено поднесов кривична пријава против судијата Иван Џолев за кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ во смисла на чл.366 ст.1 од КЗ за тоа што лажно ме пријавил како сторител на кривично дело од чл.359 од КЗ за кое гонењето се презема по службена должност иако знаел дека не сум сторител на кривично дело“, се вели во изјавата на Панчевски.
Џолев му поднесе кривична пријава на Панчевски за „примање награда за противзаконито влијание“. И двајцата заедно со судијата Владимир Туфегџиќ се кандидати за претседател на Судот.
Извор: Макфакс