Правдико

   

Контролите продолжуваат – од десет угостителски објекти, седум казнети

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нерегистриран промет преку фискален апарат, пушење во кафе бар, непоседување норматив за храна и нерегистрирано работење, се само некои од прекршоците што ги констатира полицијата при контрола на 10 угостителски објекти во Скопје.

9300346F3E30834EB74BE1CAA41CFA7D

Како што соопшти МВР, контролите извршени вчера во содејство со инспекциски екипи од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат покажале дека само три објекти коректно работеле, без какви било прекршувања на прописите.

За прекршоците, на сторителите им се изречени глоби, 3.250 евра во денарска противвредност за нерегистриран промет преку фискален апарат, 2.500 евра за пушење во објект (и 150 евра за лицето кое го сторило прекршокот), 1.500 евра за непоседување норматив за храна и 750 евра за нерегистрирана дејност.

За нерегистрирано работење се изречени и забрани за вршење дејност во времетраење од 30 дена.

Според МВР, изминатите пет дена вкупно се контролирани 76 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 28 им се изречени глоби од над 71.000 евра во денарска противредност. На 13 објекти им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, а во пет случаи е изречена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.

Согласно Законот за пушење, казнети се и десетина гости кои пушеле во објектите, спротивно на одредбите.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико