Косовец пронајден мртов во автомобил на автопат
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шеесетгодишен државјанин на Косово, Ш.Н., ноќеска бил пронајден мртов во автомобил „мерцедес“ на бензинска пумпа на автопатот, пред патарината Петровец.
Случајот го пријавила во МВР екипа на Итната медицинска помош. Според информациите на МВР, починатото лице на местото на настанот пристигнало со друго непознато лице, кое си заминало.
Увид извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.
Извор: Нова Македонија