Косовец затекнат во касарната „Илинден“, ќе одговара за неовластено правење скици на воени објекти | Правдико

Правдико

   

Косовец затекнат во касарната „Илинден“, ќе одговара за неовластено правење скици на воени објекти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовецот бил затекнат во касарната „Илинден“ во Скопје по што бил приведен во полициската станица Карпош.

Од МВР велат дека вчера во 10 часот во полициска станица Карпош, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија од КЗ на РМ, бил приведен Х.Р. (58) од Косово.

Тој бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“. По целосно расветлување и документирање на случајот, ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се преземат понатамошни дејствија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико