Косово – 9 срби осудени на 106 години затвор за масакрот во 1999 | Правдико

Правдико

   

Косово – 9 срби осудени на 106 години затвор за масакрот во 1999

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kosovoДеветмина припадници на паравоената формација „Шакали“ се осудени на вкупно 106 години затвор, додека двајца се ослободени од обвиненијата за убиство на над 120 албански цивили во 1999 година.

Тие се обвинети за воени злосторства врз цивили извршени на територијата на општина Пеќ во април и мај 1999 година, при што се убиени над 120 албански цивили.

Во обвинението се наведува дека обвинетите при убиствата, силувањето, уништувањето на имот и други кривични дела покажале исклучителна суровост. Најмалата жртва имала 19, а најстарата 87 години.

Кон крајот на ноември 2013 година покренато е уште едно обвинение за злосторства во регионот на Пеќ, против тројца поранешни припадници на Армијата на Југославија.

Извор:Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико