Косово: Активисти на Самоопределување осудени за тероризам | Правдико

Правдико

   

Косово: Активисти на Самоопределување осудени за тероризам

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот суд во Приштина ги прогласи за виновни четворицата активисти на Самоопределување кои на 4 август минатата година со гранати го нападнаа објектот на Собранието на Косово. Четворицата активисти на Самоопределување добија 21 година и шест месеци затвор.

Пратеникот Фрашер Красниќи доби 8 години затвор, Атде Арифи доби 6 години, Егзон Халити 5 години и 6 месеци, додека Адеа Бетуша 2 години затвор.

Судот во Приштина за време на судскиот процес денеска имаше големо обезбедување од косовската полиција.

К.М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико