Правдико

   

Косово бара прекин на дијалогот со Белград се до ослободувањето на Харадинај

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовското Собрание денеска усвои Резолуција со која се бара безусловно ослободување на поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај и прекин на дијалогот меѓу Белград и Приштина се до исполнувањето на овој услов.

Како што јави Танјуг, со Резолуцијата, усвоена со мнозинство гласови, косовската Влада се обврзува нејзина примарна задача да биде ослободување на Харадинај и да побара од ЕУ „да ја натера Србија да ги поништи сите потерници и обвиненија“ против косовските Албанци.

Резолуцијата ја предложи опозициската Алијанса за иднината на Косово, чиј лидер е Харадинај, но таа беше подржана и од владејачките партии.

Харадинај се наоѓа во Франција, каде Судот во градот Колмар треба да донесе одлука по барањето на Белград за негова екстрадиција во Србија, која го товари за воени злосторства извршени во Косово. Судот досега во два наврати го одлагаше донесувањето одлука по српското барање. Следното судско рочиште е закажано за 6 април.

Харадинај беше уапсен на 4 јануари на аеродромот во Базел врз основа на потерница на Интерпол покрената од Србија. На 12 јануари Судот во Колмар го ослободи Харадинај од притвор, но му забрани да ја напушти Франција се до донесувањето на конечната одлука по барањето на Белград.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико