Правдико

   

Kосово ќе ја тужи Србија за геноцид и ќе бара репарација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Kосово од Србија ќе бара „воена отштета“ врз основа на тужбата за геноцид сторен во текот на војната од 1998/1999 година, изјави косовскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Хашим Тачи во интервју за турската новинска агенција Анадолија во саботата.

58DAD4A9B759B04FB83817D8A6C33BF3

Србија не ја признава независноста на својата поранешна јужна автономна покраина Kосово и Метохија еднострано прогласена во 2008 година од албанските власти во Приштина со поддршка на САД и ЕУ и повеќепати во минатото предупредуваше дека ваквите чекори што косовските власти ги преземаат ќе ги загрозат преговорите меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите под покровителство на Брисел.

– Дискутираме и работиме на тужбата за геноцид – изјави Хашим Тачи.

Според него, Kосово ќе се обрати пред Меѓународниот суд на прaвдата по процената на внатрешните и меѓународните околности, но не може да го одреди точниот датум на подигнувањето на тужбата. Дека Приштина наскоро ќе го отвори прашањето за геноцид и воена отштета од Србија најави на почетокот од февруари и заменикот за надворешни работи Петрит Сељми, кој рече дека огромната документација на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија несомнено докажува оти српската држава е одговорна за милијарди евра штета нанесени на цивилната сопственост и за губењето на животите. Kосово ја обвинува Србија дека во текот на војната 1998/1999 година извршила геноцид. Се проценува дека безбедносни сили на тогашната СР Југославија убиле повеќе од 10.000 косовски Албанци. Во моментов како исчезнати се водат 1.700 Албанци. Под притисокот на речиси тримесечното бомбардирање од страна на НАТО, тогашниот српски лидер Слободан Милошевиќ ги повлече силите од Kосово во јуни 1999 година.

Иако Меѓународниот суд на правдата на 3 февруари по меѓусебните тужби на Хрватска и Србија за геноцид донесен пресуда дека ниедна од двете земји не сторила геноцид во војните водени на територијата на поранешна СФРЈ во текот на 1990, политичарите во Приштина не се откажуваат да ја тужат Србија.

– Србија неоспорно изврши геноцид на Kосово. Имаме докази, поседуваме сведоштва и целиот свет тоа го знае. Меѓутоа, бидејќи Kосово с` уште не е дел од ОН, се обидуваме да најдеме правни основи за тужбата против Србија и тоа да го докажеме пред меѓународниот правосуден систем – изјави Тачи, кој во 1999 година беше политички челник на Ослободителната војска на Kосово (ОВK).

Ако се оствари најавата на Тачи, Kосово по Босна и Херцеговина и Хрватска ќе биде третата земја што ја обвинува Србија за геноцид. Во случајот на тужбата на БиХ против Србија за геноцид. Трибуналот во 2007 година утврди дека во Сребреница е извршен геноцид есента 1995 година со ликвидацијата на околу 8.000 Бошњаци, но не ја утврди одговорноста на Белград за учество во геноцид, туку за пропусти во неговото спречување и казнување.

Извор: Дневник

Партнери на Правдико