Косово воведе визи за граѓаните на БиХ | Правдико

Правдико

   

Косово воведе визи за граѓаните на БиХ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vizaКосовската Влада го усвои предлогот за воведување визи за граѓаните на БиХ, бидејќи Босна ги нема укинато визите за граѓаните на Косово.  Властите во Приштина ги изменија условите за влез на Косово за странските државјани, па сега на листата на земји, чии граѓани ќе мораат да имаат виза за влез, е додадена и БиХ.

Како што јавуваат нашите дописници, ова се реципрочни мерки на косовската Влада, бидејќи БиХ не ги укина визите за косовските граѓани. Граѓаните на Косово за да патуваат во БиХ мораат да аплицираат за виза во Скопје, а условите за нејзино добивање се ригорозни.

Косовската Влада во декември минатата година одлучи да воведе визи за државјаните на земјите кои не ја признаваат независноста на Косово.

Покрај Србија, БиХ е единствената земја во регионот што не ја признава независноста на Косово.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико